Дете кое одело во градинка заразено со корона вирус - цела негова група во изолација

Нов случај на дете заразено со коронавирус е забележан во градинка во Свети Николе, информира Телевизија 24.

Градоначалникот на градот информирал дека децата кои биле во група со заразеното дете се во изолација заедно со воспитувачката и негувателката.

Во групата биле четири деца, а три требало да тргнат во градинка од 1-ви Октомври. Според Велковски детето не го добило вирусот во градинката туку од надворешен контакт. Останатите деца и негователките немаат никакви симптоми, но веројатно ќе бидат тестирани на корона вирус, пред да продолжи нивното згрижување во градинката. Претходно во оваа градинка има регистриранo три случаи на корона вирус кај вработените, две негователки и адмнистративен работник, а еден е во изолација. 

Досега коронавирусот беше утврден кај вработени во градинки во Тетово,Скопје, Виница, Чешиново Облешево и кај деца кои посетувале градинка во Струмица и Скопје.