Дете и жена во тешка состојба по трагедијата во Романовце, бремената жена е со 28% изгореници

Две жени, од кои една бремена, и 10 годишно дете се хоспитализирани во ЈЗУ Универзитетска клиника за хирушки болести „Св.Наум Охридски” по вчерашната експлозија на плинска боца во семејна куќа во Романовце.

Директорот на болницата Арсенков за медиумите денес информираше дека жената на возраст од 31 година и детето се во тешка состојба со висок процент на изгореници, приклучени на апарати за вештачко дишење.

-Жена (31) има изгореници од 80 проценти и е во крајно тешка состојба. Приклучена е апарати за вештачко дишење и има изгореници на дишните патишта. Втора пациентка има 28 години, таа е со 25 проценти изгореници по телото од втор степен, а потешка околност е тоа што е бремена во седми месец. Десет годишно детенце има 70 проценти изгореници и за жал е во тешка состојба на апарати за дишење, истакна Арсенков.