Дете е тешко повредено, откако паднало од тераса во штипскиот трговски центар

Малолетник од Штип во четврток вечерта паднал од терасата на Градскиот трговски центар, при што се здобил со тешки повреди, соопшти МВР.

-На 19.05.2022 во 21.45 во СВР Штип било пријавено дека околу 21.45 часот малолетник паднал од терасата на Градскиот трговски центар Штип, при што се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип, велат од МВР. 

За настанот бил известен обвинител, а увид извршила екипа на СВР Штип.