Детална проверка на сите градби во Кисела Вода, најави Ѓорѓиевски откако невремето урна дел од потпорен ѕид

-Во периодот што следи ќе биде извршена детална проверка на сите градби кои се направени во минатото, со цел да утврдиме дали можат да одговорат на временските неприлики кои и понатаму ќе се случуваат но и онаму каде што има потреба од дополнителни зафати да делуваме. Ова го најави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, откако поради силното невреме кое го зафати Скопје вчера попладне, падна голем потпорен ѕид на булеварот „Борис Трајковски” кај семафорите во населба Пинтија. 

Тој рече дека во наредниот период е бидат извршени детални контроли од инспекциските служби за квалитетот на изградба на потпорните ѕидови и на приватните парцели, особено онаму каде што теренот е стрмен.

-Таму каде што ќе биде утврдено дека се направиле недостатоци при градењето од различни причини, во наредниот период ќе прецизираме како ќе постапиме, прецизира Ѓорѓиевски откако вчера излезе на тарен каде што се сруши дел од потпорниот ѕид.