Детална анализа: Кои станови се безбедни а кои ризични во случај на земјотрес во Скопје

Зем­јо­тре­си­те не ги уби­ва­ат лу­ѓе­то, ту­ку згра­ди­те – е поз­на­та ре­че­ни­ца ко­ја мно­гу че­сто ја ка­жу­ва­ат екс­пер­ти­те што се за­ни­ма­ва­ат со зем­јо­трес­но ин­же­нерс­тво. Из­ми­на­ти­те не­кол­ку де­но­ви око­ли­на­та на Скоп­је ја за­фа­ти­ја се­ри­ја зем­јо­тре­си кои ни­ко­го не го оста­ви­ја рам­но­ду­шен. Екс­пер­ти­те ве­лат де­ка зем­јо­тре­си­те не мо­жат да се спре­чат, ни­ту, пак, мо­же да се пред­ви­ди ко­га ќе се по­ја­ват.

– Но, ние зна­е­ме ка­де мо­жат да се по­ја­ват и кол­ку мо­жат да би­дат сил­ни. Де­неш­на­та на­у­ка по зем­јо­трес­но ин­же­нерс­тво овоз­мо­жу­ва про­е­кти­ра­ње се­из­мич­ки си­гур­ни об­је­кти, па за­тоа единс­твен на­чин да се из­бег­не ужа­сот е при­ме­на­та на пра­ви­ла­та од зем­јо­трес­но­то ин­же­нерс­тво во про­е­кти­ра­ње­то на згра­ди­те и по­тоа це­лос­но спро­ве­ду­ва­ње на про­е­ктот при из­вед­ба­та во пра­кти­ка – ве­ли за „Ре­пуб­ли­ка“ про­фе­сор д-р Ми­ха­ил Га­рев­ски, ди­ре­ктор на ма­ке­дон­ски­от Ин­сти­тут за зем­јо­трес­но ин­же­нерс­тво и ин­же­нер­ска се­из­мо­ло­ги­ја (ИЗИ­ИС).

При­ро­да­та де­но­ви­ве нѐ по­тсе­ти де­ка не сме­е­ме да ја иг­но­ри­ра­ме и де­ка за­ко­ни­те на при­ро­да­та, но и тие за град­ба, ед­но­став­но, мо­ра да се по­чи­ту­ва­ат. Зем­јо­тре­си­те нѐ на­те­раа да се за­пра­ша­ме да­ли град­би­те што се гра­дат и ста­но­ви­те и ку­ќи­те во кои жи­ве­е­ме се ква­ли­тет­ни. По раз­ор­ни­от зем­јо­трес во Скоп­је во 1963 го­ди­на поч­на­ло да се про­е­кти­ра и гра­ди спо­ред се­из­мич­ки про­пи­си. Це­лос­но се на­пу­штил кла­сич­ни­от си­стем на град­ба со но­сеч­ки ѕи­до­ви од ту­ли и поч­на­ле да се при­ме­ну­ва­ат но­ви ске­лет­ни тро­ди­мен­зи­о­нал­ни си­сте­ми, ка­ко и ме­шо­ви­ти си­сте­ми од ар­ми­ра­но­бе­тон­ски рам­ки и ар­ми­ра­но­бе­тон­ски ѕи­до­ви, та­ка­на­ре­че­ни плат­на.

Га­рев­ски об­јас­ну­ва де­ка по скоп­ски­от зем­јо­трес, во 1964 го­ди­на би­ле до­не­се­ни пр­ви­те про­пи­си за се­из­мич­ко про­е­кти­ра­ње во по­ра­неш­на Ју­гос­ла­ви­ја. Во Скоп­је во 1964 го­ди­на е зач­на­та иде­ја­та за фор­ми­ра­ње европ­ска асо­ци­ја­ци­ја по зем­јо­трес­но ин­же­нерс­тво, со што се по­ста­ве­ни те­ме­ли­те на мо­дер­но­то европ­ско зем­јо­трес­но ин­же­нерс­тво.

– Во 1965 го­ди­на се фор­ми­ра и Ин­сти­ту­тот по зем­јо­трес­но ин­же­нерс­тво и ин­же­нер­ска се­из­мо­ло­ги­ја (ИЗИ­ИС), кој оди­гра клуч­на уло­га во се­из­мич­ка­та град­ба на об­је­кти­те во Скоп­је. По фор­ми­ра­ње­то на ИЗИ­ИС, по­ра­ди уред­ба­та на град Скоп­је (со­ра­бо­тка­та бе­ше осо­бе­но го­ле­ма со Јав­но­то прет­при­ја­тие за до­му­ва­ње на град Скоп­је), про­е­кти­те на си­те об­је­кти што ги гра­де­ше Гра­дот до­а­ѓаа во ИЗИ­ИС или на про­вер­ка или, пак, бе­ше спро­ве­ду­ва­на ди­на­мич­ка ана­ли­за, а за не­кој од тип­ски­те згра­ди или поз­на­чај­ни­те беа пра­ве­ни и до­пол­ни­тел­ни про­вер­ки со тех­ни­ка­та на ве­штач­ки зем­јо­тре­си. Во Скоп­је поч­на да се гра­ди се­из­мич­ки, со што се соз­да­де и еден нов од­нос кај гра­ѓа­ни­те при што при­о­ри­тет им ста­на се­из­мич­ка­та си­гур­ност на ста­нот што го ку­пу­ва­ат, а по­тоа беа оста­на­ти­те кри­те­ри­у­ми за ста­нот – об­јас­ну­ва пр­ви­от чо­век на ИЗИ­ИС.

Пред три го­ди­ни на де­нот на од­бе­ле­жу­ва­ње­то на 50-го­диш­ни­на­та од раз­ор­ни­от зем­јо­трес во Скоп­је, не­дел­ни­кот „Ре­пуб­ли­ка“ раз­го­ва­ра­ше со Га­рев­ски ток­му на те­ма­та за град­би­те и кол­ку тие се си­гур­ни. То­гаш пи­шу­вав­ме де­ка ре­тко кој ин­ве­сти­тор ги но­си сво­и­те про­е­кти на ре­ви­зи­ја во ИЗИ­ИС. По пи­шу­ва­ња­та, се из­ме­ни и За­ко­нот за град­ба.

– Од пред две и пол го­ди­ни Вла­да­та до­да­де член во За­ко­нот за град­ба со кој си­те про­е­кти за град­ба на те­ри­то­ри­ја­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, а не са­мо на Скоп­је, мо­сто­ви, бра­ни, згра­ди, мо­ра да се до­не­сат во ИЗИ­ИС. За­ко­нот пред­ви­ду­ва де­ка ако ИЗИ­ИС не да­де по­зи­тив­но мис­ле­ње, не­ма да им би­де из­да­де­на гра­деж­на доз­во­ла. Спо­ред тој член, ед­наш се пра­ви ре­ви­зи­ја за об­је­кти до 300 ква­драт­ни ме­три. За по­го­ле­ми об­је­кти, над 300 ква­драт­ни ме­три, еки­па на ИЗИ­ИС два­па­ти из­ле­гу­ва на те­рен. Нас нѐ ин­те­ре­си­ра кон­струк­ци­ја­та, не нѐ ин­те­ре­си­ра­ат плоч­ки­те и пар­ке­тот. Има­ме апа­ра­ти со кои го про­ве­ру­ва­ме со­ста­вот на бе­то­нот, ар­ма­ту­ра­та да­ли е ста­ве­на спо­ред про­е­ктот. За ИЗИ­ИС е важ­но да­ли из­ве­ду­ва­чот по­ста­пу­ва спо­ред про­е­ктот и не смее да има из­ме­ни. Ва­кви про­вер­ки се пра­ват два­па­ти – до­де­ка про­е­ктот е во град­ба, на 50 про­цен­ти – и на крај ко­га ќе би­де го­тов. За­тоа сло­бод­но мо­жам да ка­жам де­ка во пос­лед­ни­те две и пол го­ди­ни си­те об­је­кти што се гра­дат се кон­тро­ли­ра­ни од ИЗИ­ИС. Кон­тро­ли­ра­ни се ме­ѓу пет и шест ми­ли­о­ни ква­драт­ни ме­три. Мо­жам сло­бод­но да ка­жам де­ка кон­тро­ла­та на об­је­кти­те е нај­сил­на во це­ли­от ре­ги­он – об­јас­ну­ва ди­ре­кто­рот на ИЗИ­ИС.

Тој не са­ка да ко­мен­ти­ра ка­де е нај­кри­тич­но да се гра­ди во Скоп­је.

– За гра­дот Скоп­је по­стои ма­па на се­из­мич­ко ми­кро­ре­о­ни­ра­ње и има раз­лич­ни зо­ни во Скоп­је ка­де што мо­же да се оче­ку­ва­ат по­го­ле­ми и по­ма­ли за­бр­зу­ва­ње на тло­то. Ме­ѓу­тоа, за жи­те­ли­те на Скоп­је тоа во­оп­што не тре­ба да би­де важ­но. Единс­тве­но за што тре­ба да се гри­жат жи­те­ли­те на Скоп­је е да­ли тоа ста­нот што го ку­пи­ле е про­пис­но се­из­мич­ки про­е­кти­ран и из­ве­ден – ве­ли Га­рев­ски, кој им су­ге­ри­ра на гра­ѓа­ни­те, ако им е ме­ро­дав­на ре­ви­зи­ја­та на ИЗИ­ИС, при ку­пу­ва­ње стан да ја по­ба­ра­ат и да ви­дат ко­ја ку­ќа е ре­ви­дент на нив­ни­от иден стан.

Единс­тве­но за што тре­ба да се гри­жат жи­те­ли­те на Скоп­је е да­ли тоа ста­нот што го ку­пи­ле е про­пис­но се­из­мич­ки про­е­кти­ран и из­ве­ден – ве­ли Михаил Га­рев­ски

– Се­пак, ќе се ос­ме­лам да ка­жам де­ка нај­го­ле­ми­от број од об­је­кти­те што се из­гра­де­ни по зем­јо­тре­сот, вклу­чу­вај­ќи ги и тие што се из­гра­де­ни по 1990 го­ди­на, лес­но би мо­же­ле да го из­др­жат скоп­ски­от ка­та­стро­фа­лен зем­јо­трес. Ова мое твр­де­ње го ба­зи­рам врз ос­но­ва на ана­ли­за­та на об­је­кти­те што се гра­дат и ги гле­дам при мо­и­те про­ше­тки во град. Мо­жам да зак­лу­чам де­ка кон­стру­ктив­ни­те си­сте­ми ре­чи­си кај си­те но­во­из­гра­де­ни об­је­кти се асе­из­мич­ки. Мо­же да се за­бе­ле­жи де­ка се до­бро из­бра­ни ди­мен­зи­и­те на стол­бо­ви­те и на плат­на­та и де­ка до­ми­ни­ра нај­до­бри­от си­стем, т.е. до­ми­ни­ра ком­би­на­ци­ја на рам­ки и на плат­на. Де­лум­но, но ви­зу­ел­но, мо­же да се зак­лу­чи де­ка и бе­то­нот е ква­ли­те­тен, но тоа нај­до­бро го знае ин­ве­сти­то­рот и за­ви­си од со­вес­но­ста на ин­ве­сти­то­ри­те и од над­зо­рот што ги кон­тро­ли­ра вгра­де­ни­от бе­тон и же­ле­зо­то – ве­ли Га­рев­ски.

Пр­ви­от чо­век на Ин­сти­ту­тот за зем­јо­трес­но ин­же­нерс­тво апе­ли­ра да не се над­гра­ду­ва­ат об­је­кти­те од пред зем­јо­тре­сот би­деј­ќи тие се нај­о­пас­ни за жи­ве­е­ње.

– Иа­ко мно­гу е мал бро­јот на об­је­кти­те кај кои има кон­стру­ктив­ни гре­шки, по­сто­јат и та­кви, и тие се ри­зич­ни. На­јри­зич­ни­те об­је­кти се над­гра­де­ни­те об­је­кти од пред зем­јо­тре­сот и не мо­жам да не го по­вто­рам мо­е­то мис­ле­ње де­ка со еден па­ра­граф во За­ко­нот за град­ба тре­ба да се во­ве­де за­бра­на за над­гра­ду­ва­ње на си­те об­је­кти што се из­гра­де­ни пред 1963 го­ди­на – апе­ли­ра до над­леж­ни­те Га­рев­ски.

За скоп­ја­ни, осо­бе­но за тие што би­ле све­до­ци и што го пре­жи­ве­а­ле ка­та­стро­фал­ни­от зем­јо­трес во 1963 го­ди­на, и по 53 го­ди­ни се све­жи сли­ки­те и се­ќа­ва­ња­та од тој 26 ју­ли. Спо­ред екс­пер­ти­те, ка­та­стро­фа­та на тој зем­јо­трес не про­из­ле­гу­ва од не­го­ви­от ин­тен­зи­тет, ту­ку иск­лу­чи­тел­но од сла­би­от ква­ли­тет на град­би­те. Не­ква­ли­тет­на град­ба е до­ка­жан ма­со­вен уби­ец, а тоа го зна­ат си­те, осо­бе­но тие што ги по­чув­ству­ва­ле стра­вот, бол­ка­та и стра­да­ња­та од таа нај­ра­зор­на при­род­на ка­та­стро­фа. Зем­јо­тре­си со маг­ни­ту­да ме­ѓу 5,5 и 6 сте­пе­ни се кла­си­фи­ци­ра­ат во гру­па­та на сред­ни до сил­ни зем­јо­тре­си.

– Сил­ни­те зем­јо­тре­си се по­вр­за­ни со те­кто­ни­ка­та на пло­чи­те и со ос­ло­бо­ду­ва­ње­то на енер­ги­ја­та на актив­ни­те рас­е­ди при нив­но­то прид­ви­жу­ва­ње. Има 17 те­ктон­ски пло­чи кои се дви­жат и се во ко­ли­зи­ја ед­ни со дру­ги. На при­мер, во Ав­стра­ли­ја не­ма при­ти­сок и та­му не­ма опас­ност од зем­јо­тре­си. Тоа е на гло­бал­но ни­во – об­јас­ну­ва Га­рев­ски.

Со ве­ко­ви лу­ѓе­то се пра­шу­ва­ле што ја пре­диз­ви­ку­ва Зем­ја­та да се тре­се. Во 1960 го­ди­на на­уч­ни­ци­те, ко­неч­но, се сог­ла­си­ле за те­о­ри­ја­та на те­ктон­ски­те пло­чи, ко­ја прет­по­ста­ву­ва де­ка по­вр­ши­на­та на Зем­ја­та е из­гра­де­на од пло­чи – цвр­сти ка­ме­ни пло­чи – кои се по­ме­сту­ва­ат ре­ла­тив­но ед­на на дру­га врз по­топ­ли­от, рас­то­пен ма­те­ри­јал од над­во­реш­но­то ја­дро. До­де­ка пло­чи­те се дви­жат, тие се лиз­га­ат и се уди­ра­ат ед­на во дру­га; на ра­бо­ви­те на пло­чи­те има раседи, т.е. рам­нин­ски пук­на­ти­ни, кои има­ат не­рам­ни ра­бо­ви и се „сле­пе­ни“ еден за друг, до­де­ка оста­то­кот од пло­ча­та по­сто­ја­но се дви­жи. Ко­га се слу­чу­ва зем­јо­трес, енер­ги­ја­та што во­о­би­ча­е­но би пре­диз­ви­ка­ла пло­чи­те да се раз­ми­нат се на­со­би­ра, сè до­де­ка си­ла­та на под­виж­ни­те пло­чи не го над­ми­не три­е­ње­то на остри­те ра­бо­ви на рас­е­дот. Ра­се­дот се од­ле­пу­ва и ја ос­ло­бо­ду­ва таа енер­ги­ја, ко­ја во бра­но­ви зра­чи на­над­вор низ Зем­ја­та, пре­диз­ви­ку­вај­ќи зем­јо­трес ко­га бра­но­ви­те ќе стиг­нат до по­вр­ши­на­та.

За да го нај­дат епи­цен­та­рот на зем­јо­тре­сот – ме­сто­то на по­вр­ши­на­та на Зем­ја­та што е ди­рект­но над хи­по­цен­та­рот, ка­де што поч­ну­ва зем­јо­тре­сот – на­уч­ни­ци­те тре­ба да ги истра­жат бра­но­ви­те про­из­ве­де­ни од зем­јо­тре­сот. П-бра­но­ви­те па­ту­ва­ат по­бр­зо и пр­ви ја тре­сат Зем­ја­та (при­мар­ни); по­тоа до­а­ѓа­ат С-бра­но­ви­те (се­кун­дар­ни). Кол­ку сте поб­ли­ску до епи­цен­та­рот на зем­јо­тре­сот, тол­ку поб­ли­ску еден до друг ќе ве по­го­дат овие два бра­на. Со ме­ре­ње на вре­ме­то по­ме­ѓу бра­но­ви­те на три се­из­мо­гра­фи, на­уч­ни­ци­те мо­жат да ја одре­дат ло­ка­ци­ја­та на епи­цен­та­рот на зем­јо­тре­сот.

Бал­кан­ско­то тло не пре­ста­ну­ва да се тре­се. По скоп­ски­те зем­јо­тре­си, беа ре­ги­стри­ра­ни по­тре­си и во со­сед­ни­те зем­ји – на За­кин­тос во Гр­ци­ја со ја­чи­на од 4,2 сте­пе­ни спо­ред Рих­те­ро­ва­та ска­ла, по­тоа во Бу­га­ри­ја кај Драј­но­во со ја­чи­на од 2,5 сте­пе­ни спо­ред Рих­те­ро­ва­та ска­ла. Најм­но­гу зем­јо­тре­си се ре­ги­стри­ра­ни во Тур­ци­ја и во Гр­ци­ја, глав­но со по­ма­ли маг­ни­ту­ди ме­ѓу 2 и 3 сте­пе­ни спо­ред Рих­те­ро­ва­та ска­ла, а по­тре­си има­ше и во Ср­би­ја, Ро­ма­ни­ја, Бос­на и Хер­це­го­ви­на.

По зем­јо­трес со маг­ни­ту­да од 5,3 сте­пе­ни, нор­мал­но е да сле­ду­ва афтер­шо­ко­ва актив­ност од пос­ла­би зем­јо­тре­си. Афтер­шо­ко­ви­те мо­же да тра­ат од два де­на до по­ве­ќе од 10 де­на, ве­лат од Се­из­мо­ло­шка­та оп­сер­ва­то­ри­ја при При­род­но-ма­те­ма­тич­ки­от фа­кул­тет во Скоп­је. Искус­тво­то по­ка­жу­ва де­ка во скоп­ски­от ре­ги­он зем­јо­тре­си до маг­ни­ту­да че­ти­ри се слу­чу­ва­ат на де­се­ти­на го­ди­ни, оние со маг­ни­ту­да 5 на сто­ти­на го­ди­ни, до­де­ка, пак, тие со маг­ни­ту­да шест се слу­чу­ва­ат на 500 го­ди­ни.

Ка­ко се ме­ри спо­ред Рих­те­ро­ва­та ска­ла?

Рих­те­ро­ва­та се­из­мич­ка ска­ла опре­де­лу­ва еден број, од 1 до 10, за да ја кван­ти­фи­ку­ва ко­ли­чи­на­та на се­из­мич­ка­та енер­ги­ја ос­ло­бо­де­на при зем­јо­трес. Бро­јот од ска­ла­та се до­би­ва ка­ко ло­га­ри­там со ос­но­ва 10 од хо­ри­зон­тал­на­та амп­ли­ту­да на нај­го­ле­мо­то по­ме­сту­ва­ње на Вуд-Ан­дер­со­но­ви­от тор­зи­ски се­из­мо­граф. Енер­ги­ја­та што се ос­ло­бо­ду­ва од зем­јо­тре­сот е ед­на­ква на амп­ли­ту­да­та на тре­се­ње­то на сте­пен 32, па, спо­ред тоа, раз­ли­ка­та од 1 сте­пен на Рих­те­ро­ва­та ска­ла е екви­ва­лент­на на 31,6 па­ти по­го­ле­ма ос­ло­бо­де­на енер­ги­ја, а раз­ли­ка­та од 2 сте­пе­ни со­од­вет­ству­ва на 1.000 па­ти по­го­ле­ма енер­ги­ја. По­ра­ди фи­зич­ки­те огра­ни­чу­ва­ња на Вуд-Ан­дер­со­но­ви­от се­из­мо­ме­тар што се ко­ри­сти во прес­ме­тка­та на ска­ла­та, си­ла­та на зем­јо­тре­сот не мо­же да се одре­ди точ­но за по­тре­си по­го­ле­ми од око­лу 6,8. За по­сил­ни по­тре­си се ко­ри­сти ска­ла што се зас­но­ва на прес­ме­тка на се­из­мич­ки­от мо­мент ме­сто на се­из­мич­ко­то дви­же­ње и се на­ре­ку­ва Ска­ла на маг­ни­ту­да на мо­мен­тот.

Рих­те­ро­ва­та маг­ни­ту­да на зем­јо­тре­сот се опре­де­лу­ва од ло­га­ри­та­мот на амп­ли­ту­да­та на бра­но­ви­те сни­ме­ни од се­из­мо­гра­фи­те, при што се ко­ри­сти прис­по­со­бу­ва­ње за да се ком­пен­зи­ра за ва­ри­ја­ци­и­те во рас­то­ја­ни­е­то ме­ѓу раз­ни се­из­мо­гра­фи и епи­цен­та­рот на зем­јо­тре­сот. По­ра­ди ло­га­ри­там­ска­та прес­ме­тка, се­кој еден сте­пен на ска­ла­та зна­чи де­сет па­ти по­го­ле­мо по­ме­сту­ва­ње на Зем­ја­та. Ин­тен­зи­те­тот и ефе­ктот на зем­јо­тре­сот за­ви­си не са­мо од маг­ни­ту­да­та, ту­ку и од рас­то­ја­ни­е­то од епи­цен­та­рот, дла­бо­чи­на­та на хи­по­цен­та­рот, ге­о­ло­шки­те ус­ло­ви на поч­ва­та (не­кои зем­ји­шта мо­жат да го за­си­лат се­из­мич­ки­от бран) итн.

Пи­шу­ва: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

(текстот излезе во 211. број на неделникот „Република“)