ДЕТАЛНА АНАЛИЗА: Доаѓаат интензивни врнежи во Македонија

Под влијание на изразена циклонска активност во текот на денешниот саботен ден најпрвин на запад а попладне и вечерва насекаде низ државава ќе има врнежи од дожд кој локално ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и тоа најмногу на крајниот запад каде локално ќе наврне ГОЛЕМА количина на вода (преку 50 л/м2).

Ќе има услови и за локална нестабилност проследена со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува засилен повремено и силен ветер од јужен и од југозападен правец кој локално ќе достигнува брзина од дури преку 90 км/час.

Врнежи од снег ќе има само на високите планини додека во текот на ноќта кон утрешниот неделен ден поради падот на температурите на воздухот особено на запад повремени врнежи од снег ќе има и на повисоките населени места со надморска височина од 900 – 1000 метри па нагоре.

Поради силниот ветер добро би било да внимавате каде се движите и каде ги ставате вашите автомобили поточно истите да не бидат во близина на дрвја со цел да не дојде до несакани ситуации додека поради интензивните врнежи особено на крајниот запад можно е зголемување на нивото на речните корита.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот Фејсбук профил на Славчо Поповски.