Детали за земјотресот кој вечерва го стресе Скопје

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван вечерва во Скопје.

„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија вечерва регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од скопското епицентрално подрачје.

Земјотресот беше во 21 часот и 29 минути со Рихтерова магнитуда од 2,8 и беше почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија – Скопје.