Детали за здравствената состојбата на Есма Реџепова

Првичната вест за влошената здравствена состојба на кралицата на ромската предизвика вознемиреност со оглед на тоа дека слична криза имаше и пред две години.

Во текот на денешниот ден, на некои интернет-портали се појави вест дека кралицата на ромската песна, Есма Реџепова-Теодосиева е хоспитализирана во тешка здравствена состојба.

Сепак, нејзината состојба набрзо е стабилизирана и Есма веќе се чувствува подобро, но заради превенција и можност за побрза интервенција до конечната стабилизација се’ уште е во болница.

-Навистина, Есма имаше извесна здравствена криза, поврзана со функцијата на белите дробови. Како што не’ информираа лекарите, се работи за од порано недолекувани бронхопневмонии. Но по лекарската интервенција, Есма брзо се стабилизираше и сега се чувствува многу подобро. Се надеваме и очекуваме нејзината здравствена состојба и понатаму да се подобрува, изјави нејзината пријателка и човек за односи со јавноста, Зорана Костова.

Првичната вест за влошената здравствена состојба на Есма предизвика вознемиреност, со оглед на тоа дека кралицата на ромската песна слична криза имаше и пред две години.