Детали за убиството во Шутка: Сакала да го спаси мажот, и зариле нож во срце

Јавното обвинителство побара притвор за осомничениот за вчерашното убиство во Шутка. Според истрагата, најпрво дошло до вербална и физичка пресметка меѓу двајца братучеди. Едниот од нив отишол дома и зел нож, по што се вратил. Влегол во куќата за да го убие братучедот. Со ножот го удирал, му нанел две убодни рани.

Тогаш, дотрчала сопругата на домаќинот на куќата и сакала да го одбрани партнерот. Место тоа, напаѓачот и го зарил ножот во срце и ја убил.

Триесет и четиригодишната жена е мајка на малолетни деца.

Против сторителот се поднесени кривични пријави за убиство, односно за убиство во обид.