Детали за тeшката собраќајка на автопатот Тетово – Скопје, во која почина едно лице

Едно лице почина во сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје, во близина на село Ласкарци, откако вчера попладнето во 17.53 часот патничко возило „јагуар” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(49) од село Чегране, гостиварско, излетало од коловозот, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.

– На местото на несреќата починал сопатникот Н.З.(53) од село Чегране. Возачот Н.И. и сопатниците А.К.З. и Б.И. се повредени и се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, дополнија од МВР.