Детали за страшната сообраќајка на автопатот Велес-Скопје

Маж загина во сообраќајна несреќа која утринава околу 11 часот се случила на автопатот Велес-Скопје, потврдуваат од МВР за Курир.

Триесет годишниот скопјанец Зенун Л. е лицето кое денес го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Велес-Скопје.

Според информациите несреќата се случила кај местото Ајдучка Чешма, кога автомобил „БМВ“ со скопски регистерски ознаки излетал од високиот мост и паднал во провалија.