Детали за страотната сообраќајна несреќа која ја потресе Македонија

Светски познатиот музичар Зоран Маџиров попладнево тешко настрада во страотна сообраќајна незгода. Во коматозна состојба, Маџиров е префрлен на Карил во Скопје, каде лекатрите се борат за неговиот живот, потврдуваат извори од струмичката „Општа Болница“.

Според првичните сознанија, Маџиров возел автомобилот марка Meрцедес, а по несреќата пожарникарите морале да го сечат возилото за да го извадат повредниот струмичанец, кој е хоспитализиран во Клиничкиот центар во Скопје.

Според првичните сознанија, Зоран Маџиров со својот автомобил удрил во цистерна која била превртена на патот.

Од страотната сообраќајка тој се здобил со тешки телесни повреди и со возило на радовишката Итна помош е префрлен во струмчката болница, од каде пак под итно е префрлен на Карил во Скопје.

Фото: Архива