Детали за сообраќајката во Сингелиќ: Еден загинат, двајца повредени

Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајна несреќа во која учествувале моторцикл „БМВ“ и машина за сечење дрва.

Од МВР информираат дека сообраќајката е пријавена вчера во 19.20 на крстосница од ул.„Алија Авдовиќ“ и ул.„Христофер Жефаровиќ“.

Работната машина за сечење дрва била управувана од С.С.(65) од Скопје,а моторот од Р.Ш.(29) од Скопје.

-На местото на незгодата починал С.С., а со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобил 16-годишен сопатник од работната машина, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.