Детали за сообраќајката во која учествуваше заменик-министерот Лазовски

На 29.05.2019 година во 11:15 часот на улица „Филип Втори Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пежо 508“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Л.(54) од Скопје и мотоцикл „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Ј.(41) од Скопје.

Со возилото управувал заменик – министерот за култура Владимир Лазовски.

Тој се огласи на социјалните мрежи:

“Најважно од сé е што мотоциклистот и јас сме добри. Цело време бев со него, пуштен е од болница, добро се чувствува. Јас немам повреди. Надлежните органи извршија увид и доколку се утврди моја вина ќе сносам одговорност”, напиша тој на Фејсбук.

Во незгодата со телесни повреди се здобил мотоциклистот и му била укажана помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.