Детали за сообраќајката во Ѓорче, прегазената жена хоспитализирана со тешки повреди

Министерството за внатрешни работи соопшти детали за сообраќајната несреќа која вчера се случи во Ѓорче Петров, кај пазарот.

Од полицијата информираат дека околу 11.10 часот на крстосницата од бул. „Партизански Одреди“ со ул. „Радушка“ во Скопје, патничко возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.С (46) од с.Глумово, скопско, удрило во пешакот Н.А (67) од с.Волково, скопско.

-Од ударот Н.А. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. По укажаната помош таа била задржана на понатамошно лекување, информираат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.