На улицата „Митрополит Теодосиј Голованов“ вчера во 12 часот дошло до судир помеѓу патничко возило „Хјундаи И-30“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.В. (64) од Скопје и мотоцикл „Априлија Атлантик-500“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.З. (48) од Скопје.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот.

Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.