Две лица од Турција биле дел од учесниците во сообраќајната несреќа што утрово се случи на булеварот „Крсте Мисирков“ кај Македонската академија на науките и уметностите.

Со двете возила управувале скопјани, но нивните сопатници биле државјани на Турција, соопшти полицијата.

Несреќата се случи помеѓу две возила од марките „ауди а4“ и „голф“.

„Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.К. и сопатникот од истото возило А.Ѓ.(61) од Р.Турција, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобил В.А., како и С.Ѓ.(54) од Р.Турција, сопатничка во патничкото моторно возило “голф“. В.А. бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“, додека С.Ѓ. била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, соопшти полицијата.

Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Сообраќајката се случи утрово во 5.45 часот.