
Полицијата со детали за случајот со скопјанецот кој се обидел да го убие сопствениот брат.
Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 09:50 часот во Марино, го лишиле од слобода 37-годишниот Д.Т. од село Марино, скопско, затоа што на 18.10.2025 околу 22:30 часот во селото, по претходна расправија, физички го нападнал неговиот брат А.Т.(40) од истото село, информира МВР.
При нападот употребил дрвен предмет и му нанел тешки телесни повреди.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.