Детали за синоќешната сообраќајка на „Партизанска“ - моторциклистот завршил во болница со тешки повреди

Вчера во 16:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.П.А.О.(55) од Скопје, патничко возило „бмв“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(20) од Крива Паланка и мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.К.(34) од Скопје.

Како што информираат од МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Инаку, за оваа сообраќајна несреќа синоќа Скопје инфо сподели детали.