Детали за пожарот во парк: Горат бараки на Прекршочниот суд

Пожар ги зафати бараките каде е сместен Судот за прекршоци во Градскиот парк во Скипје. Во моментот на терен интервенираат четири протипожарни возила, јавува МИА.

Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски изјави дека се работи за поголем пожар и оти на терен ќе бидат испратени дополнителни возила.

Пожарот е пријавен околу 16 часот.