Детали за несреќата на патот Гостивар-Тетово: Возилото смачкано, неколку повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случила во 12 часот на автопатот Гостивар-Тетово, кога се судриле Ауди А3 и БМВ, при што едното возило целосно смачкано заврши во банкината.

Гостиварекспрес пишува дека несреќата се случила во 12 часот и 20 минути кога се судриле Ауди кое го управувала 23-годишна девојка и БМВ со кое управувал 59-годишен маж од Гостивар.

Повредените се пренесени во болница, се испитува несреќата и се очекуваат детали.