Детали за двата земјотреси - еве каде е епицентарот

Во 14.09 часот во Скопје и околината беше почувствуван земјотрес, со јачина од 3,9 степени, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот е на 8 километри источно од Скопје, на длабочина од 2 километри, според ЕМСЦ.

По првичниот потрес, се почувствува уште еден, послаб.

Земјотресот беше почувствуван и во Србија и на Косово.

Инаку земјотрес со јачина од 4,4 степени изутринава го погоди подрачјето Перистери, недалеку од Атина.

Земјотресот бил на длабочина од 2 км, а во моментов нема извештаи за штети и повредени.