Детали: Зошто е приведен Сокол Митровски

Поради постоење на основано сомнение, Основното јавно обвинителство Скопје презема дејствија против повеќе инволвирани лица кои овозможиле незаконско приватизирање на земјиште во сопственост на една општина.

Како што соопшти ОЈО Скопје, а пренесе МИА, на приватизацијата претходела постапка за утврдување на статусот на незаконито изградени три објекти, која била реализирана спротивно на закон.

Како резултат на оваа постапка извршена е легализација на објектите и приватизација на земјиштето.

  - Со тоа е овозможено земјиштето да биде откупено по цена од 1 евро за метар квадратен, додека пазарната цена на лицитација по редовна постапка би била значително повисока, истакнуваат од Обвинителството. За повеќе детали во врска со текот на постапката, Основното јавно обвинителство Скопје навремено ќе ја информира јавноста.

Како што веќе објавивме, поранешниот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, заедно со уште неколку други лица, утринава беше приведен за злоупотреба на службената положба и овластувањата. Митровски беше градоначалник на општина Ѓорче Петров од 2005 до 2017 година.