Детали од вчерашното пукање во Арачиново

МВР денеска излезе со детали поврзани со вчерашното пукање во Арачиново каде беше застрелано едно лице

„Синоќа во 20.50 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен Ќ.Д.(42) од с.Арачиново-скопско со повреди од огнено оружје во пределот на десната нога“, велат од МВР.

Од она што го посочуваат од МВР е дека застреланото лице Ќ.Д. било повикано од друго лице да излезе пред влезната врата на неговата куќа при што лицето испукало кон него.

На местото на инцидентот пронајдени се две чаури од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението од МВР.