МВР во денешниот билтен ги објави деталите од вчерашната страшна сообраќајна несреќа што се случи на булевар „Партизански одреди“
„Во 21.50 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на бул.„Партизански oдреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено клио“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Н. (20) од Скопје, и патничко возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(32), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Х.Н., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, се вели во соопштението на МВР.