Детали од вчерашната сообраќајка во Влае: Четири возила се судриле, пет лица повредени, еден возач избегал

Министерството за внатрешни работи информираат дека вчерашнта сообраќајна несреќа во Влае кај нив е пријавена во 17:30 часот. Во неа учествувале четири возила, пет лица се повреден, додека еден од возачите избегал со своето возило.

„На бул.„Партизански Одреди“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „ауди“ со скопски регистарски ознаки управуван од Д.С.(39) од Скопје, автомобил „ауди“ со скопски регистарски ознаки управуван од З.А.(29) од с.Сингелиќ, скопско, автомобил „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки управуван од Т.Т.(46) од Скопје и автомобил „фиат стило“ со скопски регистарски ознаки, кое го напуштил местото на настанот“, информира МВР.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот З.А. и неговите сопатници Р.Р.(20) од с.Сингелиќ и Ј.А.(20) од с.Батинци, скопско, возачот Д.С. и сопатникот во патничкото возило „форд фиеста“, Д.Т. од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Запознаен бил Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.