Детали од трагичниот настан што се случи вчера во Кисела Вода

Министерството за внатрешни работи излезе со соопштение по повод вчерашниот трагичен настан во Кисела Вода. Имено било пријавено дека во 19:40 часот две лица паднале од зграда.

„Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека жената Д.С.(69) од Скопје од здобиените повреди починала на местото на настанот, додека деветгодишен малолетник од Скопје се здобил со повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на помош“, информира МВР.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.