Вчера околу 17.25 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Битола - Ресен, кај место викано „Голема кривина Макази“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу три возила. Во несреќата учестувале „фолксваген голф“ со ресенски таблички го управуван од 47-годишниот Г.А. од Ресен, возило „пежо 2008“со битолски таблички кој бил управуван 51-годишниот М.К. од Битола и возило „бмв“ со ресенски таблички управувано од 47-годишниот Д.А. од с.Асамати, ресенско.
„Од здобиените повреди, на местото на несреќата починал возачот Г.А., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со телесни повреди се здобиле возачот Д.А. и неговата сопатничка Ш.А.(47) од с.Асамати, ресенско, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Ресен и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено за обдукција“, се вели во полицискиот билтен.