
Девет лица биле лишени од слобода на различни локации во Скопје, Велес и Кавадарци во текот на вчерашниот ден и денеска по полноќ, откако полицијата кај нив пронашла и одзела различни материи за кои постои сомнение дека се наркотични дроги.
„На 14/15.10.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ф.Н.(45), Д.Б.(44), А.З.(30), М.И.(20), Т.С.(24), сите од Скопје, како и Б.Б.(24) од Велес, Д.Г.(18) од Злетово и К.А.(22), со престој во Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана“, информираат од МВР.
Во Велес, вчера во 11:45 часот, бил приведен 45-годишниот Б.А. од Велес. При преглед кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја.
Во Кавадарци, пак, на улицата „Цветан Димов“, околу 23:50 часот, биле лишени од слобода 21-годишниот М.Д. од Кавадарци и 23-годишниот Љ.С. од Росоман. При контрола на патничко возило „фолксваген поло“, со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал М.Д., а во кое се превезувал и Љ.С., била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.