Веќе извесно време десетина возила секој ден се паркирани на булеварот „Гоце Делчев“ пред судовите и на тој начин не само што го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот во овој дел на градот, туку и узурпираат една цела лента од булеварот. Дополнително овие возила претставуваат и безбедносен проблем за нормалното функционирање на судовите кои се наоѓаат на во непосредна близина.
Твитер корисникот Карамбабарамба во неговиот пост го посочува токму овој проблем и прашува зошто не може да се воведе ред пред судовите.
„Во моментов пред судовите во Скопје има нелегално паркирано околу 40 коли. Почнува редот точно од знакот за забрането паркирање и запирање. Пред суд ред не можат да воведат бе! А десетте "чистачи" на шофершајбни што рипаат низ сообраќај нема ни да ги споменам. Вака ли во Европа?“, стои во постот на овој корисник.
Во моментов пред судовите во Скопје има нелегално паркирано околу 40 коли. Почнува редот точно од знакот за забрането паркирање и запирање. Пред суд ред не можат да воведат бе!
А десетте "чистачи" на шофершајбни што рипаат низ сообраќај нема ни да ги споменам. Вака ли во Европа? pic.twitter.com/y7uQ30B2Vq— Карамба Барамба (@karambabaramba) January 9, 2025