Десетици пријави на 112 и 192 против Стојанче се слушаа на денешното рочиште - вознемирувачки детали!

Десетици пријави во рок од две години до полицијата имало за Стојанче Јовановски за семејно насилство.

Пријавите биле лично од Ивана, соседите, нејзината мајка , неговата мајка.

Во судницата се слушаа и три аудио снимки од кобниот ден. Ивана го оставила телефонот вклучен а полицискиот оператор го слушал како Стојанче и се заканува дека ќе ја уништи и оти ќе ѝ ја земе Катја. На снимката се слуша и како ја удира, а таа му вели дека не го пријавила за дрога и ако сака ќе одат во П.С Пролет.

Последниот повик што се слушаше во судницата е тој од Стојанче кога вика Брза помош - мајка со мало дете се фрлија од балкон.

На една претходните снимки го пријавува лично мајка му за обид за убиство на неговата жена, а детето се слуша како плаче и потврдува дека тато ќе ја убие мама.

Судењето продолжува со видео снимката од пред судот каде Стојанче ја тепал Ивана.