Десет моќни совети од еден татко за својата ќерка

Велат дека не постои поголема поврзаност од поврзаноста и љубовта од еден татко кон својата ќерка. Ова се најдобрите совети од еден татко за својата ќерка.

  1. Слушај го својот сопствен глас.
  2. Нема секогаш да го добиеш тоа што го сакаш, но никогаш не прифаќај помалку од тоа што го заслужуваш.
  3. Секогаш имај го во својот телефон бројот на својот татко.
  4. Човек кој го почитува твојот ум и тело е оној кој вреди да биде во твојот живот.
  5. Постојано труди се да бидеш позитивна. Така ќе ги привлечеш најдобрите луѓе околу себе.
  6. Биди добар слушател и обрни внимание на деталите.
  7. Не го избирај најлесниот начин,  туку оној кој те прави да се чувствуваш најпријатно. Секогаш труди се да се чувствуваш добро и пријатно.
  8. Давај комплименти. Најмногу комплименти давај и на својата мајка. Таа ги заслужува.
  9. Плачи кога мораш, но не дозволувај никој да те прави несреќна.
  10. Не е твоја работа да ги менуваш луѓето.
  11. Верувај дека сè е возможно, но немој да бидеш тажна кога нештата нема да тргнат по твое.
  12. Не се заљубувај во идејата да бидеш вљубена, туку во луѓето кои прават да се чувствуваш како повторно да си се родила.
  13. Биди искрена, но не очекувај искреност од сите луѓе околу тебе. Луѓето се такви.
  14. Доколку не можеш да донесеш одлуки, отиди на прошетка.
  15. Пријателите доаѓаат и си одат, но најдобрите секогаш ќе останат покрај тебе.
  16. Тревата можеби е позелена на другата страна, но твојата работа е да се потрудиш за твојата страна од тревата.