Десет интересни факти за Македонија - македонските тротоари се користат за паркирање, а не за пешачење

Сајтот travelingeast.com посвети простор и за Македонија. Во својот текст тие објавија 10 интересни факти за нашата држава. Еве кои се тие:

1. Од сите југословенски територии, Македонија е единствената која својата самостојност да доби на мирен начин без војна.

2. Македонското државно знаме е изгласано за второ најдобро знаме од страна на „World Almanac’s editor“ во 2002 година.

3. Првото словенско училиште, Охридското училиште е отворено во Македонија од страна на Свети Климент од Охрид.

4. Македонија е родната земја на Мајка Тереза. Таа е родена во Скопје.

5. Македонија е првата земја во светот каде имате целосен пристап на ваерлес.

6. Македонскиот опиум е еден од најдобрите во светот, со 14 морфиум единици, во споредба со Турција 6, Индија 7, и Кина 8.

7. Етничката мешаност во Македонија била инспираца за да се создаде салатата Македонија во која се измешани овошја и зеленчуци, а оваа салата е позната во Франција, Италија, Шпанија и Латниска Америка.

8. Македонските тротоари се користат за паркирање, а не за пешачење.

9. За македонскара валута, денарот, нема фракциони деноминации. Порано постоел дени, кој повеќе не се употребува.

10. Во Грција е често да се слушне како Македонците се нарекуваат Скопјани бидејќи многу Грци сметаат дека името Македонија историски им припаѓа на нив.