Десерт на денот: Зебра чизкејк со чоколадо

Чизкејкот не е така комплициран како што ви се чини. Ви требаат едноставни состојки и само малку вештини во кујната. Ви предлагаме во прва прилика да го испробате овој зебра чизкејк со чоколадо низ него:

Состојки:

  • 5 лажици несолен путер
  • 170g наполитанки, добро иситнети
  • 170g темно чоколадо, стопено
  • 2/3 шолја шеќер
  • 500g маскарпоне на собна температура
  • 1 лажица ванила екстракт
  • 2 големи јајца, на собна температура

Подготовка:

Подмачкајте еден калап со путер и оладете го.

Во посебен сад ставете го путерот во иситнетите наполитанки. Измешајте и смесата притиснете ја по површината на калапот. Ладете 30-60 минути.

Загрејте ја рерната на највисока температура.

Стопете го чоколадото, па оладете го. Изматете го маскарпоне сирењето додека не биде меко и мазно. Додадете го шеќерот, па потоа ванилата. Со постојано мешање додавајте ги и јајцата.

Половина од смесата ставете ја врз кората од наполитанки.

Во другата половина измешајте го стопеното чоколадо. Истурете врз белата смеса. Со тенок нож направете шари за белиот и чоколадниот фил да се измешаат.

Печете 50-60 минути. Средината треба да остане мека.

Потоа ладете околу 4 часа.