Рецепт за колач со боровинки кој се подготвува брзо и лесно.
Доколку немате боровинки, може да користите овошје по ваш избор.
Состојки:
250 гр. путер
2 шолји шеќер
2 јајца
2 ќесички ванилин шеќер
Шолја млеко
4 шолји брашно
Лажичка цимет
Лажичка прашок за пециво
Лажичка прашок за пециво
Лажичка сол
Две шолји боровинки
За глазура
2/3 шолји брашно
110 гр. путер
Шолја кафеав шеќер
Лажичка цимет
Начин на подготовка:
Во длабок сад изматете путер со шеќер и ванилин шеќер, па додајте јајца. Кога ќе се соедини смесата, постепено додавајте млеко со постојано мешање, а потоа и брашното коешто претходно треба да го измешате со пециво, цимет.
На крај додајте боровинки.
Сипете ја смесата во подготвеното тавче, а во меѓувреме подгответе глазура.
Во сад измешајте путер со брашно и изгмечете го со вилушка за да добиете грутки со голема на грашок. Додајте ги останатите состојки за глазура, измешајте и сипете ги по колачот. Печете околу 1 час во загреана рерна на 200 степени.