Што ви е потребно да подготвите мафини без глутен?
Состојки:
- ¼ шолја интегрално оризово брашно
- ½ шолји бадемово брашно
- ¼ лажичка сода бикарбона
- Половина лажичка сол
- 140 гр. темно чоколадо
- 115 гр. путер
- Три лажици какао
- Три јајца
- Шолја кафеав шеќер
- Две лажици екстракт од ванила
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени и подмачкајте го тавчето за мафини со путер.
Во садот промешајте оризово и бадемово брашно, сода бикарбона, сол и цимет. Во друг помал сад промешајте чоколадо и путер и стопете ги на пареа. Кога ќе ги тргнете од огин, додајте и какао.
Во поголем сад, со миксер изматете јајца и шеќер и додајте екстракт од ванила.
Постепено додавајте ја смесата од чоколадо и путер, матете околу една минута, па додајте ја смесата со брашното и соединете ги.
Смесата сипете ја во калап и печете околу 15 минути.