Во време кога светот станува модерен и брз, а човечките односи плитки. „Мирно спиј, срце мое. Сè што вреди, ќе остане. Сè што боли, ќе помине.“ е реченица што нè потсетува дека животот не треба да го мериме по тоа колку сме издржале без солзи, туку според тоа како сме се научиле да си простиме себеси во миговите кога најмногу сме се плашеле дека ќе се распаднеме.

Photo by Letícia Alvares
Срцето е домот на сите наши надежи, разочарувања, љубови, загуби. И кога тоа ќе заболи, кога се стега од страв, кога ни вика дека нешто не е во ред, ние обично се бориме, со самите себе, со времето, со сеќавањата. Но Десанка не повикува на борба. Таа повикува на мир, и тивко, моќно прифаќање. Да му дозволиме на срцето да одмори, да не се обвинува, да престане да трча по оние што не останале. Да не го мери секој загубен однос како неуспех, туку како етапа.
„Сè што вреди, ќе остане.“ Овде нема ништо случајно. Секоја личност што останала покрај вас кога сте биле најмалку лесни, секој разговор што ве утешил без да ве поправи, секоја љубов што не ве натерала да се смените, тие се вашето богатство. Она што вреди, не се губи. Оној што ве разбрал, нема потреба да ве напушти. Вистинските работи се мирни, постојани, не бараат да се доказувате постојано. Ако нешто ви се одзело – можеби не вредело да го носите понатаму.
„Сè што боли, ќе помине.“ Нема ветување дека нема да боли. Но има ветување дека болката нема да биде вечна. Понекогаш ќе се будите со празнина што не знаете како да ја наполните. Ќе седите на клупа каде некогаш сте седеле со некого, и ќе ви недостасува нешто што веќе не постои. Но животот не ви ја одзема радоста засекогаш. Болката е доказ дека сте чувствувале длабоко. Но таа не е крајот на приказната. Таа е мост, но и долг процес и важна лекција.

Photo by Letícia Alvares
Оваа мисла на Десанка не е само утеха. Таа е и повик да веруваме во себе, односно да веруваме дека ништо вредно нема да нè напушти. Дека луѓето што се повлекле не се изгубени, туку ослободени од нашата приказна. Не учи дека секоја болка има свој рок на траење, и секое срце има способност за обновување. Мирот што таа го споменува не е однесеност, туку длабока внатрешна зрелост – да не се брзаме, да не ги молиме работите да бидат поинакви, туку да ги пуштиме да си го најдат своето место.
Затоа, ако вечерва ти трепери срцето од загуба, ако не можеш да простиш, ако се бориш со себе или со сеќавања – запомни: твојата болка е вистинска, но не е вечна. Твојата добрина не останала незабележана, само можеби не била разбрана од вистинскиот човек. И она што вреди – пријателство, љубов, дом, тишина, самопочит – сè тоа ќе остане. А сè друго... ќе помине.