Депресијата не е избор!

Депресијата е најчестото и најсериозно пореметување во расположението кое годишно влијае на 300 милиони луѓе во светот. Депресијата го менува начинот на кој луѓето мислат, чувствуваат и се однесуваат. Разликата помеѓу нерасположение и депресија е тоа што депресијата е интензивно чувство на длабока тага и очај кое може да трае со денови, недели, дури и месеци. Симптомите може да вклучуваат безнадежност, одбивање, проблеми со концентрација, недостаток на енергија, проблеми со спиење и понекогаш дури и самоубиствени мисли. Депресијата НЕ Е ИЗБОР, депресијата е болест.

Депресијата е сериозна медицинска состојба. Иако постојат ефективни терапии, сепак помалку од 50% од луѓето бараат професионална помош. Луѓето можат да имаат одбивност да побараат помош од различни причини: Можеби мислат дека можат самите да ја надминат депресијата или мислат дека никој нема да разбере како се чувствуваат.

Постојат многу митови околу депресијата, а двата најчести се тоа дека депресијата се случува поради некој негативен настан и дека луѓето кои се депресивни треба да се опкружат со работи кои ги прават среќни. Ниту едното, ниту другото не ја претставуваат депресијата во вистинско светло и а и двете влијаат кон зголемување на стереотипите.

5 работи кои треба да ги знаете за депресијата

Секој може да биде погоден од депресија. Депресијата може погоди луѓе од која било возраст, етницитет, општествена позиција и локација.

Депресијата е честа. Светската здравствена организација проценила дека депресијата ќе втора најчеста медицинска состојба до 2030 година.

Може да се појави и без причина. Депресијата не мора да биде предизвикана од одреден настан. Таа може да се појави во секое време и на секое место.

Депресија не може лесно да биде решена. Некои кои страдаат од депресија се трудат самите да си се лечат. И тоа често води кон употреба на алкохол, дрога, секс или други опасни однесувања кои тие мислат дека ќе им помогнат да се справат со мислите и чувствата, но тие обиди да најдат брзо решение често водат кон себе-уништување.

Потребна е терапија. Во 80% од случаите, луѓето кои добиваат професионална помош и терапија за депресијата, велат дека тоа навистина им помогнало. Терапијата може да вклучува комбинација од апчиња, терапија и други алтернативни пристапи.

Како да поддржите некого со депресија?

Бидете трпеливи. Депресијата е болест која треба да биде соодветно и професионално третирана. Здравите вештини за справување се учат и се вежбаат, а за тоа е потребно време.
Слушајте без осудување. Помалку зборувајте и слушајте повеќе. Дозволете им да си ги кажат своите мисли и чувства, тоа може многу да им помогне.
Фокусирајте се на сегашноста и правете мали чекори. Кога човек има депресија, тешко е да се види поголемата слика. Затоа е добро да се живее во сегашноста и да се прават мали чекори.
 

Вклучете се и направете нешто. Контактирајте со личноста, направете план и движете се: одете до трговски центар, гледајте филм, гответе вечера или само прошетајте наоколу. Кога луѓето се во депресија, обично се изолираат од другите. Добар начин да останете поврзани е заеднички да направите нешто забавно и опуштено.

Научете нешто повеќе за депресијата. Знаењето е моќ. Колку повеќе знаеме, толку повеќе ќе можеме да бидеме проактивни за тоа како се гледа на депресијата.

Депресијата е реална и е навистина сериозна состојба. Никој свесно не бира да има депресија, исто како што никој не бира да биде болен од друга болест. Голема е веројатноста дека секој од нас знае некој кој ни е близок и кој страдал од депресија.

Добра вест е тоа што депресијата се лечи и дека луѓето кои страдаат од депресија можат да имаат среќни и продуктивни животи. Лечењето е клуч. Како општество време е да престанеме да ја стигматизираме депресијата и да ја гледаме како она што е: болест која никој не ја бира, ниту ја сака.