Депресијата е во подем во Македонија

Депресијата е во подем во Македонија и во светски рамки. Според СЗО секој петти човек во светот развива депресија, а во Македонија последниве неколку години е регистриран раст на болеста.

Исто така и околу 40 милиони жители на Европа се борат со депресија што претставува загрижувачки податок, а од нив како последица на болеста 128.000 лица се самоубиваат.
Според надлежните во Република Македонија, депресијата предизвикува ментална болка, влијае на луѓето и им ја намалува способноста за извршување на секојдневните едноставни задачи.

Последиците од депресија се големи, но предност е што болеста може да се спречи и пациентот да се излекува.

- Лицата кои боледуваат од депресија не можат да ги извршуваат своите професионални обврски и како последица на тоа се доведува во прашање нивната егзистенција. Во најлош случај депресијата може да доведе до самоубиство велат лекарите.

Секој петти човек развива симтоми на депресија, а 75 отсто од луѓето со голема депресија не се лекуваат. Оваа болест доведува до самоубиство и е втора водечка причина за смртност во светот кај возрасната популација од 15-29 години веднаш по сообраќајните несреќи.

За да се подобри квалитетот на животот, треба почесто да размислуваме позитивно, односно да се свртиме кон поубавите работи, да се внимава на менталното здравје, да се прави баланс меѓу работата и приватниот живот, а доколку се добијат симптоми на депресија да се побара здравствена помош.