Депортирани 20 македонски државјани со авион од Германија

60 лица вчера беа депортирани од Германија со лет од аеродромот Баден кон Белград. Воздухопловот кој превезувал 40 лица од Србија и 20 лица од Македонија полета напладне од аеродромот во Карлсруе, потврди регионалниот совет. 

Претходно, Советот за бегалци во Хамбург протестираше против депортацијата. Најмалку четири лица беа приведени во градот Ханзештад со цел да депортирани во Србија.

Официјалниот став на германското министерство за миграција е дека во своите матични држави ќе бидат вратени сите странци кои што не ги исполнуваат условите за добивање азил.