Депилација на препони: Опасност од многу болести

Иако многу сметаат дека отстранувањето на влакната од интимните делови од телото кај жената е добро за хигиената , експертите наведуваат дека станува збор за една од најголемите заблуди на модерното време.

Влакненцата се природна заштита:

Спречуваат контакт на кожата и слузокожата со честички прашина, бактерии и вируси и овозможуваат испарување на влагата, кое го помага размножувањето на габи.

При спроведена анкета 62% од анкетираните жени одговориле дека се депилираат и ги отстрануваат влакната од интимната зона, додека 84% го прават делумно.

Оваа практика, во комбинација со танга долна облека често е причина за многу здравствени компликации како инфекции, воспаление на уринарниот тракт и различни алергиски реакции. Ова дополнително се влошува и од синтетизираниот материјал од кој е направена долната облека.

Доктор Ванеса Меккеј предупредува дека дури и најмалите исеченици, направени преку бричење, кои не можат да се видат со голо око, може да стане идеално “легло” на бактерии и да предизвикаат бројни здравствени проблеми.

Укинувањето на целите внатрешни срамни влакна, независно од методот може значително да го зголеми ризикот од високи заразни инфекции.

Овие тврдења се базираат на студија од страна и на француски специјалисти.