Со цел Зоолошката градина во Скопје да добие еден сосема нoв и убав лик, деновиве е поставена нова урбана опрема. 

Опрема се состои од нови клупи, каде постителите ќе можат да се опуштат и да уживаат во она што има истата за да понуди. Покрај клупо поставени се и нови корпи за отпадоци. 

Во Зоолошката градина во Скопје во последново време активно се работи за доградување на нови живеалишта, како и реконструкција на постојните. Летово стигнаа и нови животни, а на 29 септемрви се очекува да пристигнат двете слоници. Нивното живеалиште е спремно, се чека само тие да пристигнат. 

Надлежните од Зоолошката градина, постојано апелираат да се внимава како се однесуваат посетителите за време на посетата, да не ги хранат животните и да го почитуваат редот и правилата, како и да не го оштетуваат она што веќе е направено.