Деновиве пачата главна тема меѓу „твитерџии“ - еве што велат за ова традиционално јадење карактеристично за овој период од годината

Дали ја почитувате традицијата за правење на пивтии, односно пача околу Водици и Свети Јован?

Периодов низ трпезите во Македонија ова јадење е неизбежно, а многумина кои што се негови љубители едвај го чекаат овој период од годинава за повторно да го вкусат.

Деновиве и „твитерџии“ дискутираат на темата пача/пивтија, а дел од нив и се пофалија дека веќе ја дегустирале овогодинешната.