Деновиве ќе паднат првите казни за маркетите, од ракав ставале цени и билдале високи профити

Пазарната инспекција во контролата што ја спроведува во топ 10-те маркети и над 800 нивни продажни единици констатирала голем број на нелогичности пренесува ТВ Сител. Според телевизијата од ракав ставале цени и и билдале високи профити.

Од пазарна констатирале дкеа во периодот кога на сила биле владините мерки и замрзнатите цени на околу 1000 прозиводи, цените на другите производи неконтролирано се зголемување. Од таа причина деновиве од страна на Пазарната инспекција ќе бидат изречени и првите казни.

На социјалните мрежи повторно се повикува бојкот на маркетите кој првиот пат беше успешен. УЈП во саботата објави дека прометот во петокот бил намален за речиси 50 отсто, за во саботата да биде зголемен за 11 отсто во однос на претходната сабота.