Денови на занаетчиството во општина Аеродром

Традиционално, веќе четврта година по ред, во дворот на ООУ „Блаже Конески" во скопски Аеродром се одржаа денови на занаетчиството.

Под мотото „Занаетот- визија за успешна иднина" преку овој убав настан на учениците им се понуди можноста да се запознаат со различните струки и профили кои би можеле да бидат нивна идна професионална определба, велат од општината. 

Деновите на занаетчиството се одржаа со поддршка од Општина Аеродром, во соработка со Занаетчиска комора Скопје и средните стручни училишта.

Од општината упатија благодарност до сите кои учествуваа и кои развија интерес кај учениците за големиот број професии.