Денови на современ мексикански филм во Кинотека

Филмови од поновата мексиканска продукција ќе бидат прикажани во рамки на Деновите на современ мексикански филм, што од денеска до 25 јуни ќе се прикажуваат во Кинотека. 

Публиката вечер ќе може да го погледне играниот филм од 2016 година, „Не е виновно детето“ според сценарио и во режија на Густаво Лоза. Во главните улоги настапуваат Карла Соуза, Рикардо Абарка, Басини Сегура…

Ќе бидат прикажани и филмовите „Почетокот на времето“ во режија и според сценарио на Бернардо Арелано, „Генерација Спилберг“ според сценарио и режија на Хибран Базан, „Кога ќе се вратат децата“ во режија на Хуго Лара и „Товар“ во режија на Алан Хонсон.

Програмата се реализира со поддршка на Амбасадата на Мексико во Белград, во соработка со Кинотеката.

Влезот за проекциите е бесплатен. Повеќе информации за филмовите може да се прочитаат на веб-страницата на Кинотека kinoteka.mk