Денови на современ мексикански филм од 21 до 25 јуни во Кинотека

Филмови од поновата мексиканска продукција ќе бидат прикажани во рамки на Деновите на современ мексикански филм, што од 21 до 25 јуни ќе се прикажуваат во Кинотека. 

Публиката ќе може да ги погледне филмовите „Не е виновно детето“ според сценарио и режија на Густаво Лоза, „Почетокот на времето“ во режија и според сценарио на Бернардо Арелано, „Генерација Спилберг“ според сценарио и режија на Хибран Базан, „Кога ќе се вратат децата“ во режија на Хуго Лара и „Товар“ во режија на Алан Хонсон.

Програмата се реализира со поддршка на Амбасадата на Мексико во Белград, во соработка со Кинотеката.

Влезот за проекциите е бесплатен. Повеќе информации за филмовите може да се прочитаат на веб-страницата на Кинотека kinoteka.mk