„Денови на македонски мед“ во центарот на Скопје

Манифестацијата „Денови на Македонскиот мед“, традиционално по 18- ти пат се одржува во Скопје. 

Ја организира пчеларското здружение „Матица“, а е под покровителство на министерството за земјодлество, шумарство и водостопанство. На 30 изложбени штандови пчеларите ќе ги престават своите широки палети на квалитетен мед и пчелни производи.

Манифестацијата ја отворија претседателот на здружението, Венче Билбиловски, министерот за земјодлество, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

-Како министерство силно се залагаме и даваме поддршка токму на ваквите манифестации за промоција на македонските производи. Оваа година финансиски поддржавме 47 манифестации во вкупна вредност од 4 милиони евра. Со воведувањето на законската рамка за продажба од куќен праг пчеларите се стекнаа со можност на легален начин да го продаваат медот и пчелните производи. Поддршка даваме и за органски мед, како и за оние пчелари чии кошници се поставени во подрачја со ограничени можности. Исплатени се 210 милиони денари субвенции кон 5.877 пчелари. - истакна министерот Николовски. 

Манифестацијата ќе трае од 22 до 25 септември 2022 година, на улица „Македонија“.