Денови на екологија – онлајн со природата во Општина Бутел

Утре, 19.03.2019 г. (вторник), пред споменикот на Никола Јонков Вапцаров ( во паркот пред општината ), со почеток во 11,00 ч. ќе почне одбележувањето на Денот на екологијата.

Манифестацијата ќе ја отворат градоначалникот Велимир Смилевски и Заменик министерот за екологија Јани Макрадули.

Оваа година општина Бутел заедно со основните училишта и градинките ќе организира повеќе активности кои ќе траат од утре се до 30.03.2019 г. кога ќе биде одржана завршната манифестација: ,,Вози велосипед за почист Свет,,.

Инаку, секое училиште ќе обработува посебна тема:

  • Отпад и како да се искористи хартијата што се фрла (ОУ ,,Живко Брајковски,,)- 19.03.2019, вторник, прд споменикот на НЈ Вапцаров
  • Почвата околу училиштето ( ОУ ,,Ацо Шопов,,) 20.03.
  • Здравјето и благосостојбата ( СЕПУГУС ,,Арсениј Јовков,,) 21.03
  • Биодиверзитетот и природата ( ОУ ,,Гоце Делчев,,) 22.03
  • Глобално граѓанско движење ( Граѓански еколошки здруженија) 25.03.2019, понеделник, пред споменикот на НЈ Вапцаров
  • Климатски промени (ОУ ,,Лиман Каба,,) 26.03
  • Енергија (ОУ ,,Панајот Гиновски,,) 27.03
  • Храна (,,ОУ ,,Петар Здравковски Пенко,,) 28.03
  • Водите и почвата ( ОУ ,,Св. Климент Охридски,,) 29.03
  • Вози велосипед за почист Свет- завршна манифестација 30.03.2019, сабота, пред споменикот на НЈВапцаров.

Сите одбележувања ќе траат од 11,00 – 13,30 ч. и покрај учениците и дечињата од градинките учество ќе земат и родителите, односно граѓаните на Општина Бутел, а ќе бидат обезбедени и соодветни експери за конкретните теми што ќе се обработуваат. На крајот ќе бидат наградени трите најуспешни тимови, најдобриот ,,еко стрип,, ќе се доделат пофалници,  благодарници и планинарски ранци.