Денот на албанската азбука – 22 ноември неработен за албанската заедница

Денот на албанската азбука - 22 ноември (вторник), е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

Оттаму на граѓаните припадници на албанската заедница во Република Македонија им го честитаат Денот на Албанската азбука.